Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Сојузот на спортови на Скопје го прогласи РК Вардар за најдобар спортски клуб
Сојузот на спортови на Скопје го прогласи РК Вардар за најдобар спортски клуб

Сојузот на спортови на Скопје го прогласи РК Вардар за најдобар спортски клуб

Ракометниот клуб Вардар е прогласен за најдобар спортски колектив во Скопје. Денес Сојузот на спортови на Скопје го прогласи РК Вардар за најдобар спортски клуб, и на свеченост во Скопје беа доделени признанијата во повеќе категории.

Ова признание црвено-црните го заслужија по освоената двојна круна во домашните натпреварувања, освоениот трофеј во СЕХА-лигата и со пласманот на завршниот турнир во Келн. Последниве наназад година Вардар доминира во машкиот ракомет, па очекувано повторно наградата заврши во нивни раце.