Борачот на БК Вардар, Далибор Богданов покрај настапите во ММА, под раководство на Славчо Тодоров настапува успешно и во Самбо во категоријата -68 килограми. На 17.Гранд-при Париз во самбо Далибор Богданов (-68 кг) загуби од Даниел Васенар од Холандија во четвртфиналето во спорт самбо. Тој претходно во второто коло го победи Степанијан Размин од Франција и за третото е поразерн од Валери Муравски од Моладавија.
Во конечниот пласман момците на тренерот на репрезентацијата Славчо Тодоров ги освоија петите места.
На турнирот настапија над 100 натпреварувачи од 16 држави: Казахстан, Русија, Франција, Германија, Израел, Узбекистан, Мароко, Холандија, Македонија, Шпанија, Молдавија, Унгарија, Белорусија, Иран, Хрватска и Латвија.
Меѓу најпозантите имиња на турнирот беа светските првци Марија Гедез од Венецуела и Татјана Женченко од Русија