Saturday ,11 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Хуманитарна акција на плоштадот во Охрид за лекување на 11 годишно девојче, организирана од РК Седмерец Вардар
Хуманитарна акција на плоштадот во Охрид за лекување на 11 годишно девојче, организирана од   РК Седмерец Вардар

Хуманитарна акција на плоштадот во Охрид за лекување на 11 годишно девојче, организирана од РК Седмерец Вардар

Клубот, РК  Седмерец Вардар од Охрид (една од ракометните школи во скоп на Академијата на РК Вардар) во недела во 18 часот организира хуманитарен тренинг на плоштадот Св.Климент Охридски во Охрид за помош на 11 годишно девојче, кое има потреба од итен оперативен зафат. Донаторската акција се организира во соработка со Црвен Крст и CubaLibre.

Нашите млади ракометари од Охрид на плоштадот ќе имаат тренинг на отворено, при што ќе донираат пари за помош на младата девојка, која боледува од леукемија, а ги покануваат и сограѓаните и гостите во Охрид да се приклучат на акцијата и да помогнат да се спаси еден млад живот. Во акцијата се вклучени и шест волонтери од Црвениот крст, а ќе бидат поставени и кутии во кои ќе може да се донираат пари.