Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Вардаровите генерации “2005“ “2006“ и “2008“ дел од турнир во Бугарија, “Куп на Црното Море Несебар 2018″
Вардаровите генерации “2005“ “2006“ и “2008“ дел од турнир во Бугарија, “Куп на Црното Море Несебар 2018″

Вардаровите генерации “2005“ “2006“ и “2008“ дел од турнир во Бугарија, “Куп на Црното Море Несебар 2018″

Три генерации на ФК Вардар во периодот од 12-16-ти јуни ќе бидат дел од силен меѓународен турнир во Бугарија “. Тоа се генерациите родени “2005“ “2006“ и “2008“ година.

Генерацијата родени “2005“ година ќе бидат во група со екипите на Локомотив Софија, Нефтохимик Бургас, Левски Паталеница и Нива Виница. Во вторник го стартуваме турнирот со натпревар против екипата на Локомотив Софија, додека истиот ден во текот на попладнето, силите ќе ги одмериме со екипата на Нефтохимик Бургас.

Генерацијата родени “2006“ година во групата ќе се надигруваат со екипите на Черноморец Бургас, Локомотив Софија,Ферион Софија и Академија. Во првото коло за противник го имаме тимот на Черноморец Бургас, натпревар кој е закажан за во вторник.

Генерацијата родени “2008“ ќе бидат дел од група со екипите на Локомотив Софија, Черноморец Бургас и Ферион Софија. Во првото коло, во вторник, се среќаваме со екипата на Локомотив Софија.

На следната фотографија го имате целиот распоред на натпревари, за сите три генерации на ФК Вардар, кои на турнирот ќе бидат предводени од Ане Андовски, Сашо Јанев и Павел Неделковски.

34686466_1708188609227978_2827413362214699008_n