Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > КУГЛАЊЕ! Вардар го “збриша“ Империал Тобако со 8-0, Влаќевски блесна, есенскиот дел го завршивме како второпласирани
КУГЛАЊЕ! Вардар го  “збриша“   Империал Тобако со 8-0, Влаќевски блесна, есенскиот дел го завршивме како второпласирани

КУГЛАЊЕ! Вардар го “збриша“ Империал Тобако со 8-0, Влаќевски блесна, есенскиот дел го завршивме како второпласирани

 Викендов се играше петтото коло во Македонската кугларска лига, во истото  повторно бевме “условно гости“ во кугларницата Мусандра. Домаќин ни беше екипата на  КК Империал Тобако ТКС овој меч го добивме со 0-8.

ТАБЕЛА МКЛ, ЕСЕНСКИ ДЕЛ

ТАБЕЛА МКЛ, ЕСЕНСКИ ДЕЛ

Избраниците на Драги Димитровски на овој дуел соборија 3366 “дрва“ односно дури 436 повеќе од противникот т.е кај секој од шесте наши играчи имавме во просек 73 повеќе од ривалот. Тимот на КК Империал Тобако ТКС собори само 2930. Победивме 18-6 во “сетови“. Кај нас брилијантен беше Бојан Влаќевски со неверојатни 641 соборен чуњ. Зад него беше вториот од ударното дуо Димитар Димитровски со 602. Трет беше највозрасниот Миле Димивски со 549 , зад него беше Донковски Младен со 544. Маријан Згонц имаше 526 и Ристевски Коста заврши со 504 “соборени дрва“.  Со оваа победа завршивме како втори по есенскиот дел од МКЛ, зад лидерот шампионот КК Макпетрол. Следното коло се игра во јануари, противник во тој дерби меч ни е Макпетрол.