Денеска својот 37-ми роденден слави помошник тренер во фудбалскиот клуб Вардар и поранешен играч на црвено-црните Александар Васоски. Васоски играше за Вардар во периодот 2001 – 2004 година, откаде замина во Ајнтрахт Франкфурт. Од 2013 година повторно дојде во црвено-црното јато овојпат како тренер.
На Александар Васоски редакцијата на Вардар фанс му посакува среќен роденден и многу успех со нашиот тим.