Thursday ,09 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Гонзалес и Стоилов: Против Металург секогаш одиме на победа
Гонзалес и Стоилов: Против Металург секогаш одиме на победа

Гонзалес и Стоилов: Против Металург секогаш одиме на победа

Не очекува меч со ривалот од Автокоманда во СЕХА, натпреварот со Металург е закажан за утре (вторник, 17,45 часот). Истиот ќе се игра  во СЦ „Јане Сандански” ,за овој меч на прес конферецијата   Раул Гонзалес, тренерот на Вардар вели:

Играме македонско дерби против традиционалниот ривал Металург. Ќе биде интересен натпревар и сакаме да покажеме најдобро што знаеме пред домашните навивачи. Некои играчи се повредени вклучувајќи го Карачиќ и Абутовиќ. Како и да е, Вардар е на првото место и сакаме да победиме за да останеме на врвот во СЕХА Газпром лигата.

Вардаровиот пикер Стојанче Стоилов, воедно и капитен на тимот за градското и македонско дерби со сино-белите од Автокоманда вели:

Ни претстои натпревар против Металург, што секогаш е специјален за двата тима. Емоциите секогаш се присутни, и на повисоко во во однос на другите мечеви. Ги респектираме како сериозен ривал, но ние сме на победничка патека, по оној кикс во Загреб. Без разлика на ривалитетот, знаеме дека Вардар е фаворит и мораме да го покажеме тоа на терен.