Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > КУГЛАЊЕ! Ударното вардарово дуо Влаќевски-Димитровски и одличниот Донковски денес ќе настапат на “Светскиот куп“
КУГЛАЊЕ! Ударното вардарово дуо Влаќевски-Димитровски и одличниот Донковски денес ќе настапат на “Светскиот куп“

КУГЛАЊЕ! Ударното вардарово дуо Влаќевски-Димитровски и одличниот Донковски денес ќе настапат на “Светскиот куп“

Во Болцано-Италија се одржува најквалитетното кугларско натпреварување  “Светскиот куп“,  тоа е собирот на најдобрите 14 екипи на планетава. Вардар на ова најсилно кугларско натпреварување ќе ја преставуваат Република Македонија. Според планот за настапи денес веќе нашите момци ќе се појават на патеките. Тројца наши куглари ќе настапат денес, а пак другите тројца според програмата ќе играат утре. Веќе се познати имињата на првите тројца , тренерот Драги Димитровски дефинитивно оди на сигурна варијанта во првиот ден. Тој ќе го употреби “тешкото вооружување“ . Ударното вардарово дуо најдобриот македонски кугларски пар Влаќевски и Димитровски Димитар ќе настапат први, а веднаш по нив одличниот и секогаш зад нив со постигнувањето Младен Донковски.

Ова е рапоредот за настап на денешниот натпреварувачки ден за нашите црвено-црни куглари:

  • 12:30часот – Влаќевски Бојан
  • 13:40часот – Димитар Димитровски
  • 18:20часот – Mладен Донковски