Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Уписи на нови членови во пливачкиот и ватерполо клуб Вардар 
Уписи на нови членови во пливачкиот и ватерполо клуб Вардар 

Уписи на нови членови во пливачкиот и ватерполо клуб Вардар 

Пливачкиот и ватерполо клуб Вардар 8 е реномиран клуб, кој работи на поинаков систем за разлика од останатите клубови, имено Вардар 8 нуди квалитетна програма на работа со однапред предвидени цели и визии, исто така многу забава, смеа, и другарство за цел живот.

Бенефитите од овие споротови е воочлив уште во првиот месец од тренажниот процес кај детето, тоа се манифестира пред се во физичкото држење на телото, р’бетот, дисциплината, концентрацијата, мотивацијата кај самото дете. Со децата работат професиoнални кадри кои имаат долго годишно успешни кариери во базенот, но и надвор од него. Пристапот пред се е другарски, но и родителски, односно на дечињата им се дава до знаење дека тренерите не се тука да ги караат, туку да ги научат и дека треба да го слушаат тренерот.

received_695130587563481-768x576

Пливањето е единствениот спорт каде што нема најмала граница, во нашиот клуб има дечиња од 3 до 15 години и сите функкционираат во склоп на група со приближна возраст. Нашиот клуб можете да го најдете во базените на СЦ Борис Трајковски секој ден од 17 и 20 часот и за време на викендите од 13 часот. Зачленувањето на новите идни пливачи или ватерполисти може да се направи на страниците на клубот, на самиот базен или на телефонот 078404829.

Започна се од неколку ватерполо фанатици и воркохолици водени од идејата за стабилен клуб, имавме чиста и јасна визија како сакаме да изгледа еден клуб, со однапред предвидени и донесени правила, цели и визии. Клубот зема редовно учество на разни натпреварувња во пливањето и ватерполото како во земјтата така и во странство. Високо котира во истите, можеме да се пофалиме на освоената ватерполо лига во 2018 исто и со многу медалји на пливачките натпреварувања. Пливањето е единствениот спорт каде што работат апсолутно сите мускули на човечкото тело, Американските истражувања покажуваат дека најдобар спорт за развој кај машките деца е ватерполото, додека пак кај женските пливањето.

Ватерполото посебно влијае на дисциплината, одговорноста, осамостојувањето и самодовербата. Истражувања на институтот во Англија покажаа дека ватерполото е на прво место со својата сестраност на движења чие влијание е најповолно во развојот на децата, патем ватерполото е еден од нај старите олимписки спортови. Првите резултати кај децата се видливи уште во првиот месец од нивниот тренажен процес. Клубот располага со голем асортиман на опрема како што се пловки, шпагети, појаси, лопатки, пераи, чуневи, топки, голови итн.

Кога детето ќе ги совлада основните техники на пливањето се олдучува дали сака да навлезе во пливањето уште по длабоко или сака да започне со изучување на ватерполо техники. Вардарр 8 прима членови во текот на целата година, има место и група за сите идни пливачи или ватерполисти кои не се постари од 14 години.

Заинтересираноста за двата спорта е подеднаква но за волја на вистината за ватерполото се интересираат повеќе момчињата а за пливањето девојчињата. Но секако ние не спречуваме ни оние момчиња кои сакаат да пливаат или оние девојчиња кои сакаат да играат ватерполо напротив ги стимулираме истите. Исто така ние сме единствен клуб кој организира родендени и нуди незаборавна забава за најмалите во малиот базен на Борис Трајковски.