Веќе е објавена информацијата за извонредниот настап на моментно најдобриот атлетичар на АК “Вардар”, Петре Завировски, кој успеа да го освои извонредното 5 место, и уште еднаш ги потврди своите извонредни можности и огромната упорност токму во периодот на неговата рехабилитација по повредата која го мачеше подолго време. Веднаш зад Завировски, извонреден успех постигна и Марко Ивановски, кој беше 6, како и легендата на АК “Вардар” и македонската атлетика, Трпе Мартиновски. Еве како изгледаше пласманот на нашите претставници:
Пласман Име и Презиме Време
5. Петре Завировски 35:29
6. Марко Ивановски 36:07
13. Трпе Мртиновски 37:45
209. Ненад Димиќ 52:07
Во конкуренцијата сениори, трката ја завршиле 434 атлетичари.
Во рамките на истата трка, рангирани се и атлетичарите според старосните категории. Во конкуренција на спортистите од 45-54 години, првото место супериорно го освои Трпе Мартиновски, кој оствари голема предност пред своите конкуренти.
Голем успех беше остварен во екипна конкуренција, во која се бодуваа по 4 претставници од секој клуб. Екипата на АК “Вардар” го освои 3 место и бронзен медал. Спомнатите 4 натпреварувачи кои ја сочинуваа екипата, постигнаа вкупно време од 2:41,29 , зад екипите на АК “Работнички” и “NRC+NIKE+RUN CLUB”. Позади нашата екипа остана уше 8 екипи.
Им честитаме на нашите атлетичари на борбеноста и постиганатиот успех, со желба да постигнуваат уште подобри резултати.
ПИШУВА- Проф. Мирослав Бошковиќ
Во продолжение фотогалерија од настапот на нашите момци: