Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Муслиу со гол за Македонија, настап забележа и Џигаури
Муслиу со гол за Македонија, настап забележа и Џигаури

Муслиу со гол за Македонија, настап забележа и Џигаури

Македонската фудбалска репрезентација ги продолжи одличните игри. Вчера вечер во Струмица, Македонија убедливо со 4:0 го порази Лихтенштајн. Ова беше нова добра партија на нашите играчи по нерешениот резултат против Италија во Торино.

Од првата минута на овој натпревар настапи Висар Муслиу, нашиот играч не само што ги одигра сите 90. минути, постигна и деби погодок во А репрезентацијата. Велковски поради повреда го пропушти овој дуел.

Покрај Муслиу и Џигаури запиша нов настап за својата репрезентација. Крилото на Вардар одигра вкупно 86. минути во поразот во Белград од селекцијата на Србија 1:0.