Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Уште 10 дена до кугларскиот спектакл! Турнирот “8-ми септември“ со директен пренос преку стрим на МОК

Уште 10 дена до кугларскиот спектакл! Турнирот “8-ми септември“ со директен пренос преку стрим на МОК

kugla

Како што веќе неколку пати ве запознавме по повод денот на независноста на Република  Македонија ќе се организира силен меѓународен кугларски турнир “8-ми Септмври”.  Веќе одбројуваме, останаа уште 10 дена до кугларскиот спектакл.

Истиот ќе биде во целосна организација на кугларскиот клуб Вардар, ова е прв ваков турнир со желба и тенденција да стане традиционален во иднина. Овој турнир е потпомогнат од Град Скопје и серија други помагатели. Досега сите етапи на подготовки вардарци ги прават на високо ниво, тие успеаа да обезбедат шанса за широките народни маси да ги гледаат случувањата на истиот.

Организаторите успеаа да добијат поддршка за проектот од МОК-македонскиот олимписки комитет и да договорат меѓусебна соработка околу преносот на настанот. Па така целиот турнир од отворањето официјалниот дел, затворањето на истиот и наградите ќе иде низ директен пренос. Преносот ќе  може да се следи низ видео стрим на каналот на МОК, за линк за истиот дополнително ќе ве известиме пред самиот почеток на турнирот.