Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар, Бате, Ц.Звезда, Розенборг.. со исти коефициент за освојување на ЛЕ
Вардар, Бате, Ц.Звезда, Розенборг.. со исти коефициент за освојување на ЛЕ

Вардар, Бате, Ц.Звезда, Розенборг.. со исти коефициент за освојување на ЛЕ

По ждребката за  Лига Европа, букмејкерите веднаш излегоа со проценки околу тоа кој е најголемиот фаворит за  пехарот оваа сезонава. Покрај ова  излегоа и коефициентите  за аутсајдери.

Екипите од нашата група  Зенит и Реал Сосиедад се во топ-10 фаворити за освојување на најмасовното натпреварување. На врвот се гигантите  Милан и Арсенал со коефициенти 10, потоа следи премиерлигашот  Евертон 17, па Атлетик Билбао 19, Олимпик Лион 21, Вилјареал 21, Лацио 21, Олимпик Марсеј 26, Реал Сосиедад 26 и Зенит 26. Нашиот Вардар за освојување на Лига Европа доби коефициент 151, колку што имаат и екипите на  Стеауа Букурешт,  Црвена Звезда, Ријека, , БАТЕ Борисов, Викторија Плзен, Остерсундс, Макаби Тел Авив, Зулте Вареген, Аполон, Розенборг и Астана.