СЕХА Лига почнува денес, на програмата се три натпревари. Мечот помеѓу Металург и Вардар ќе се одигра в0 сабота, поради настапот на вардарци на Супер Глоуб во Доха-Катар.
Дуелот се игра во СЦ „Борис Трајковски“, а веќе од денес од 12 часот во продажба ќе се пуштат влезниците за овој натпревар. Тие се по цена од 150 денари за М блоковите и по 100 денари за сите други блокови, а ќе се продаваат онлајн, на следните линкови: www.karti.com.mk и www.mktickets.mk
Мечот ќе се игра со почеток во 17:45 часот.