На програмата во кошаркарската женска Супер лига е 4.коло. Во истото девојките на Славица Наков, ЖКК Вардар играат дерби со лидерот, екипата на Бадел 1862.
Натпреварот е закажан за утре (21.април, среда) во салата „Независна Македонија“ - Скопје. На првиот меч баделки остварија победа над црвено-црните, сепак ние потоа врзавме две победи и делумно се поправи здравствениот билтен во Вардар кој беше доста лош пред дербито.
Утрешниот натпревар ќе се игра со почеток во 17-30 часот од истиот ќе има видео стрим кој ќе го поставиме во текот на утрешниот ден на нашиот сајт.