На програмата викендов во Македонската кугларска лига-МКЛ е првото коло во новата сезона 2016/2017 година. Во истото коло ќе се одигра и македонското кугларско дерби помеѓу нашиот црвено-црн кугларски колектив и тимот кој деценија и пол владее со мак.куглањето двојниот шампион од лани кугларскиот клуб Макпетрол.
Мечот е закажан за утре на 15 октомври, истиот ќе започне со почеток во 10-00 часот. На овој прв меч во лигата избраниците на Драги Димитровски ќе бидат домаќини во кугларницата “Мусандра“ која се наоѓа во Градскиот трговски центар во Скопје. Од годинава оваа куглана ќе биде домашен терен на КК Вардар во домашното првенство, претходно две сезони бевме домаќини во кугларницата при Спортскиот центар “Борис Трајковски“ во Скопје. Вардарци настапуваа и на европска сцената претходно, тие во Италија беа дел од “Светскиот куп“ во кој беа учесници шампионите на 14 земји во кој куглањето е на високо ниво. Подготовките за оваа сезона тргнаа многу рано уште во првата недела до месец август, нашите момци се подготвени да направат изненадување утре со кое би направиле исчекор кон титулата во домашниот шампионат. Во ова коло во МКЛ покрај овој дуел ќе се играат и мечевите КК ГТЦ Мусандра- КК Империјал Тобако и КК Хераклеја- КК 18 Август.