Новата сезона во кошаркарската елита во женска конкуренција започна изминатиов викенд, конечно. Сите дуели од првото коло беа одиграни освен натпреварот на ЖКК Вардар и Шкупи, овој натпревар ќе биде одигран в среда со почеток во 12 часот со што ќе се комплетира првото коло.
Вардарки оваа сезона влегуваат со исти амбиции како и минатата, да му одземат еден трофеј на тимот на Бадел ако е тоа возможно. Во првото коло беа постигнати следните резултати:
Струга – Пелистер 57-67
Трокал – Бадел 1862 28-92
Вардар – Шкупи (утре 12 часот)