Време за одмор нема, Вардар утре ќе одигра нов натпревар, овој пат на Градски против тимот на Работнички. По повод овој натпревар, Комитите се огласија со свое соопштение:
Ова не се сцени од Англиското првенство, не се ниту од Аргентина, ова не е ниту ретро сцена на Комити од своите ‘најдобри’ денови…Ова е сцена од победоносниот гол на Вардар во дуелот со Работнички од сезоната 2011/12, со пресврт по водство на ‘комшиките’ од 1:0…
Тогаш титулата сеуште беше мисловна именка и хит на трибина беше “Со години го чекавме моментот, повторно да бидеш прво место”…
Тогаш мотивација да го исполнуваме копот не ни беа победите на Вардар, мотивите ги пронаоѓавме во љубовта кон клубот, дружбата на трибина, ангажманот на терен и покрај поразите…Знаевме да ги цениме победите затоа што само една сезона пред посочената, хит на трибина ни беше “И на врвот и последен, ти си Вардар само еден”…
Тој ‘Ultras’ живее во секој од нас, и време е да го повикаме повторно, а да го испратиме во историјата оној дел од нас кој бара перфекционизам и е размазен од резултатите на клубот…
Црвено Црни Ултраси, ве повикуваме назад на трибина!!!
ФК ВАРДАР – ФК Работнички
Среда, 25.10.2017 – 14:30ч.
Точно, терминот е ужасен и е класична антипропаганда за фудбалот и спортот воопшто, но за тоа нека мислат оние кои со години го уништуваат фудбалот во Македонија, а ние да покажеме дека тоа не може да не спречи.