Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Лејно: Самсоненко сакаше да бидам дел од Вардар, иако бев повредена, веруваше во мене и ми го исполни срцето
Лејно: Самсоненко сакаше да бидам дел од Вардар, иако бев повредена, веруваше во мене и ми го исполни срцето

Лејно: Самсоненко сакаше да бидам дел од Вардар, иако бев повредена, веруваше во мене и ми го исполни срцето

ЕХФ ТВ направи интервју со голманката на Вардар, Амандин Лејно која зборуваше за нејзиниот претстој во Скопје и во екипата на Вардар. Репрезентативката на Франција има само убави зборови за народот во Скопје.

-Се чувствувам како да сум тука од вчера. Кога луѓето ќе ме потсетат дека тука живеам веќе пет години, не можам да си поверувам. Го сакам градот, убав е, сретнав луѓе околу што се навистина добри и пријателски. Се смејат и се дружат. Навистина ми се допаѓа тука.

Лејно дојде пред пет години во Вардар, од екипата на Валчеа од Романија. Иако во тој период беше повредена сопственикот на клубот, Сергеј Самсоненко веруваше во нејзините квалитети и ка крај се покажа како добар избор на голманската позиција.

-Сергеј Самсоненко ми се јави ден откако го скршив коленото и бев на операција. Му кажав, ми се јавуваш, а јас го скршив коленото, можеби не го знаеш тоа. Тој ми рече дека знае, но дека по секоја цена сака да дојдам и да бидам дел од тимот. Веруваше во мене и со тие зборови ми го исполни срцето. Го прашав дали навистина ме сака иако сум повредена, а тој ми потврди. Бев исполнета и среќна. Лесно беше да дојдам тука.

Вардар сигурно дека го има еден од најдобрите голмански тандеми, а Ина Суслина е најзината колешка на голот на црвено-црните. Двете меѓусебно учат и споделуваат искуства, но Лејно вели дека се различен тим на голмани, што е добро за една екипа.

-Со Инна сме различни голманки, не ги правиме истите работи меѓу стативите. Тоа е добро за нас како голманки и за Вардар како тим. Некогаш таа брани, некогаш јас. Со тимовите во Лигата на шампионите некогаш треба да менуваш меѓу стативите и двете навистина добро се вклопуваме.

Оваа сезона ќе биде петта среќа за Вардарки да стигнат до толку посакуваниот трофеј во лигата на шампионите. Амандин истакна дека клубот заслужува прва Европска титула.

-Искусни сме, затоа што четири пати игравме на Ф4 турнирите. Немавме среќа лани да дојдеме до посакуваниот трофеј, а бевме многу блиску. Сега сме во новата сезона и одиме од меч во меч. Клубот го заслужува успехот, сите девојки што се тука заслужуваат трофејот во Лигата на шампионите. Одиме по него, истакна Лејно.

Целото интервју со Лејно, можете да го погледнете на видеото, ТУКА.