Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > КОШАРКА! Вардар го претрпе првиот пораз годинава, поразени сме од КК Шкупи
КОШАРКА! Вардар го претрпе првиот пораз годинава, поразени сме  од КК Шкупи

КОШАРКА! Вардар го претрпе првиот пораз годинава, поразени сме од КК Шкупи

Кошаркарите на Вардар во рамки на четвртото коло од втората кошаркарска лига на гостувањето во Чаир кај екипата на КК Шкупи го забележаа својот прв пораз сезонава во лигата. Домаќинот беше поуспешен во овој дуел на двата скопски второлигаши  со резултат 84-75.

По одличниот старт на сезоната и максималниот ефект во првите три меча овој пораз кај тимот кој имаше лош старт со три порази дојде помалку неочекувано. Домаќинот КК Шкупи од Чаир екипа која порано се натпреваруваше под името “ КК НБА Чаир“ бодрен дел од навивачката група од Чаир успеа да дојде до победата. Вардар на табелата се наоѓа  на втората позиција по овој неуспех зад тимот на АВ Охрид кој е на лидерската позиција во лигата. Во следното 5.коло во нашата сала Кале го пречекуваме “фенерџијата“ во лигата екипата на КК Радовиш кој има максимален број на порази во досегашните воведни четири кола. Мечот со гостите од истоимениот град е закажан за сабота 21.ноември. Резултатите од 4.коло во втората лига се следниве:

4.коло Ангели  81 71  Академија ФМП
4.коло  Радовиш  66  78  Тетекс  
4.коло   Охрид АВ  78   68 Водњански Л.  
4.коло   Пелистер  62  56 Гостивар 2015  
4.коло  Шкупи  84  75 Вардар