Friday ,18 October 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > (ВИДЕО) Сезонава Штербик брилијантен, од 6 меча на кои настапи во Л.Ш, дури 6 пати беше избран во ЕХФ-изборите
(ВИДЕО) Сезонава Штербик брилијантен, од 6 меча на кои настапи во Л.Ш, дури 6 пати беше избран во ЕХФ-изборите

(ВИДЕО) Сезонава Штербик брилијантен, од 6 меча на кои настапи во Л.Ш, дури 6 пати беше избран во ЕХФ-изборите

Ракометниот машки тим Вардар на позицијата голман го има еден од најдобрите европски и светски голмани Арпад Штербик нешто што речиси сите без исклучок го потврдуваат, човек со кој во тимот ви се големи шансите за победа. Впрочем затоа и беше донесен од тимот на Барселона во скопскиот црвено-црн ракометен табор .Во годинашното издание на најквалитетната европска ракометна лига “ЕХФ Лигата на шампионите“ нашиот голмански Џин  од 7 одиграни кола настап забележа на 6 меча во кој само ги покажа и потврди неговите вонсериски голмански квалитети кои ги поседува. Во топ изборите на ЕХФ ТВ по крајот на сите кола Штербик успеја да  најде свое место  во 6 такви избора што само ја потврдува класата која е несомнена. Двапати беше голман на колото т.е се најде во иделаниот состав на колото и четири пати се најде во категоријата топ-5 најатрактивни одбрани.

Најпрвин сезоната ја започна со  одлична партија на голот  со 17 интервенции кога  беше еден од најзаслужните за победата на ова гостување кај француски Монпелје меч по кој беше прогласен за најдобар голман на колото, и се најде во топ-5 одбрани (види видео). Веќе во второто коло кое се играше на домашен терен со  Пик Сегед  Арпад Штербик  блескаше на голот на црвено – црните и заслужено се најде во   изборот на топ-5 најатрактивни одбрани (види видео). По победата која беше огромната над Келце во шестото коло на пресконференцијата по мечот сите се согласија “Штербик ја направи разликата“ тоа не остана незабележано од ЕХФ ТВ изборот па повторно се најде Арпад во топ-5 изборот за најатрактивна интервенција(види видео) , а заедно со Дибиров се најде и во иделаниот тим на колото (види видео). Во седмото коло кое на програмата беше изминатиот викенд поранешниот член на Барселона се врати “дома“ овојпат во дресот на Вардар. На дуелот во кој за жал бевме минимално поразени Штербик нареди 13 интервенции една од нив повторно по четврти пат сезонава се најде во изборот за најатрактивна. Одбраната која беше одбрана беше по удар на Кирил Лазаров кој на овој меч апсолутно беше инфериорен во дуелот со голманот на вардарци (види видео).