Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Хероите на Кралевски, генерација “2006“ освојувачи на нов младински фудбалски турнир
Хероите на Кралевски, генерација “2006“ освојувачи на нов младински фудбалски турнир

Хероите на Кралевски, генерација “2006“ освојувачи на нов младински фудбалски турнир

Изминативе три дека се одржа младински фудбалски турнир, за генерации родени “2006“ и “2007“ година. Турнирот се одржуваше во с. Стајковци во балонот “Вембли“ по повод 13 ноември, во организација на фудбалскиот клуб Смиљковци. На него учество земаа голем број на екипи, меѓу нив беше и фудбалскиот клуб Вардар со две генерации. Фк Вардар генерација родени “2006“ година го освоија првото место, додека нивните помлади клупски колеги, генерација “2007“ на крајот завршија како втори.

Повторно успех и нов освоен турнир за генерацијата “2006“ која ја предводи Игор Кралевски. Со вкупно четири победи од исто толку одиграни натпревари, младите Вардарци на крајот сосема заслужено се најдоа на врвот. Воведните две победи во првиот и вториот круг изразени со големи разлики, им овозможија на црвено-црните денес да играат полуфинале и финале. Во првиот круг беа поуспешни од екипата на Нова Колонија, совладувајќи ги со високи 7:0. Следеше натпревар со New star, кој исто така го добивме лесно, со резултат 5:1.

Денес беше последниот ден на турнирот каде се играа завршните натпревари за пласман. Најпрво во полуфиналето нашите надежи ја победија екипата на Фк Албарса со 2:1. Следуваше финалниот дуел против тимот на Фк Смиљковци, кој исто така го добивме со конечни 3:1

Ова се “златните“ момчиња кои беа заслужни за освоеното прво место: Андреј Данстак, Дамјан Крстевски, Драган Јанкоски, Давор Лефковски, Дарко Сековски, Максим Цониќ, Михаил Николов, Никита Патаровски, Давид Голубов, Милош Спасовски, Михаил Танчев.

vardarfans prvo mesto za generacija 2006

Најдобар стрелец на турнирот во генерација “2006“ беше Давид Голубов, а за најдобар голман Андреј Данстак Данчевски. Двајцата надежни момци доаѓаат од редовите на Вардар. Ова е втор последователен освоен турнир за момците на Игор Кралевски. Пред нешто повеќе од месец дена триумфираа и на меѓународниот турнир “Кул куп 2015“ , кој се играше во населбите Карпош и Кисела Вода.

На овој турнир учествуваа уште и екипите на Маџари, Форца и Кул. Настанот беше организиран на едно високо ниво. Фк Вардар генерација “2007“ предводена од тренерот Томче Трајановски исто така настапи на овој турнир, на кој го освои второто место. Прв во оваа категорија беше тимот на Фк Форца.