Вистински непроценлив “дијамант“ има РК Вардар на својот гол, Арпад Штербик во првите две воведни кола од ЕХФ лигата на шампионите блескаше на голот на црвено – црните.
Повторно како и во првото коло Штербик се најде во изборот на топ-5 најатрактивни одбрани во изминатото коло од најквалитетната ракометна лига во Европа. Добра вест е што болката во самиот финиш што ја почуствува не е сериозна (види). Најдобра одбрана во ова кола има Игор Чуприна голманот на Татран Прешов. Топ-5 одбраните во второто коло може да ги погледнете – ТУКА