Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > Комити > Многу “боли“ кога ги нема Комити на својата трибина
Многу “боли“ кога ги нема Комити на својата трибина

Многу “боли“ кога ги нема Комити на својата трибина

Стана како  незаменлива  навика да ги гледаме Комити на натпреварите на кои настапуваат ракометарите на Вардар. Неможеше да се замисли секоја битка на екипата без своите најверни Комити, кои се незаменлив дел од тимот и посебен белег во историјата на клубот.

Вчера се чуствував како да не сум на натпревар на кој игра Вардар. Без гласот и песната од црвено-црната армија, ништо не беше како претходно. Во најголем дел во салата владееше потполна тишина, па на моменти се чуствуваше како да не се игра меч од лигата на шампионите. Немаше кој да ја подигне онаа атмосфера на која сме навикнати да ја доживееме. За жал, Комити не присуствуваа на дуелот на Рк Вардар поради неможноста да се стигне навреме. Ако се знае дека нивната најголема љубов Фк Вардар играше натпревар од 15:30 часот и после известувањето дека вратите на С.Ц Јане Сандански ќе бидат затворени после 17 часот. Непромислен потег на двете управи на црвено-црните, од кои за жал губи целото црвено-црно семејство. На кој му требаше ваков потег и кој имаше корист од вакво неразбирливо решение, останува отворено прашање на кое треба да се добие одговор.

Емотивно тешки беа моментите кога Вардарци имаа негатива против Сегед, а во салата владееше целосен молк. Само Комити знаеа како да ги подигнат своите миленици и да ги вратат комплетно во игра. Долго време се мачевме, сепак го скршивме отпорот на противникот кој беше голем. Сепак она најважното недостасуваше на трибината ја немаше најдобрата навивачка група, која според многу противнички играчи се смета за најдобра во Европа. После завршување на дуелот, во своите изјави за медиумите играчите бараат на следниот домашен натпревар да се врати нивниот осми играч. Тие се нивниот ветер кој им дува во грб, кога не им оди најдобро на теренот. Ги немаше Комити, па на крајот ракометарите тајно посакаа побргу да излезат од теренот. Го немаше она препознатливо поздравување на играчите кон своите најверни, кон крајот на секој дуел. Се навикнавме на такви моменти кои ни навлегоа во срцето и силно ги чуствувавме. Вардар не е ни блиску истиот тим, кога ги нема своите навивачи.