Нема одмор за нашите ракометни херои, тие вчера играа меч од ЕХФ лигата на шампионите, а веќе денес се подготвуваат за утрешниот дуел во рамки на СЕХА регионалната лига на домашен терен.
Нашите момци утре во четвртиот за нив дуел во регионалното натпреварување ќе се сретнат со тимот на РК Татран Прешов. Мечот е закажан со почеток во 18 часот и 30 минути во Спорскиот Центар Јане Сандански. Татран од секогаш во нашите соочувања во ова натпреварување бил незгоден противник и ни нанесувал и порази претходно на домашен терен, но сега дефинитивно апсолутен фаворит е составот предводен од шпанецот Раул. Во првите три кола имаме максимални 9 освоени бода со победите над тимовите на Војводина (Србија), Нексе (Хрватска ) и македонскиот учесник во СЕХА екипата на Макс Струмица.
НАПОМЕНА: Билети ќе може да се набават на билетарницата на Јане Сандански по цена од 50 ден за трибините и 150 денари за во ВИП-зоната.