Црвено – црните за само четири дена двапати излегоа на мегдан со соседите ФК Работнички и вторпат однесоа победа во нивните соочувања сезонава.
Баже Илијовски донесе немир со неговиот погодок во 22 минута од мечот резултатот 0:1 беше актуелен се до полувремето. Во вториот дел нашите момци појдоа да направат пресврт и успеаа. Ивановски стрелаше во 51 минута, а Попов беше јунак со гол во судиското продолжение од мечот. За тимот предводен од Гоце Седлоски на градското дерби настапиа следните играчи: Пачовски, Попов, Мијушковиќ, Грнчаров,Брдаровски /од 63 минута Хамбарџумјан/, Глигоров, Николов /од 46 минута Дашјан), Ромеро(црвен картон 82минута), Фелипе, Блажевски /од 87 минута П. Петковски/, Ивановски.
Погледнете го видеото од целиот натпревар одигран на Националната Арена Филип втори вчера :
фото:фквардар.мк