Големата убедлива победа со полски Киелце ланскиот учесник на Ф-4 завршниот турнир во Келн со двоцифрена разлика “вивна“ дури двајца вардарови играчи во најдобрите седум за изминатото шесто коло во ЕХФ лигата на Шампионите.
Џинот Арпад Штербик ги фрустрираше гостинските играчи во обидите да го совладаат особено во вториот дел. Покрај тоа што беше одличен и се најде во иделаниот тим тој имаше и одбрана за топ-5 листата на најатрактивни одбрани (види), Арпадовиот настап дефинитивно неможеше да остане незабележан. Покрај нашиот голман од светска класа уште еден играч на црвено- црните доби признание за во иделаниот тим на колото во Л.Ш. Нашето руско крило “Летачкиот Русин“ Тимур Дибиров беше одбран за најдобро лево крило. Тимур со 8 погодока одличната игра во нападот и одбраната се најде во изборот топ-7 најдобри играчи. Видеото од за иделаните седум за ова коло може да го погледнете -ТУКА