Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Младинците на Рк Вардар Јуниор подобри од Радовиш
Младинците на Рк Вардар Јуниор подобри од Радовиш

Младинците на Рк Вардар Јуниор подобри од Радовиш

Младинците на Рк Вардар јуниор со победа се вратија од гостувањето во Радовиш. Совладана беше истоимената екипа, со резултат 26:30. Ова е втор триумф за избраниицте на Зоран Петковски, кои имаат и уште еден нерешен резултат во дуелот со Пролет 62.

Младите Вардарци ја оправдаа фаворитската улога на овој дуел и впишаа нови бодови во младинската лига. Црвено-црните имаа целосна контрола на играта, во текот на целиот натпревар. Триумфот беше навестен уште по првото полувреме, кога на одмор заминавме со водство од пет голови разлика 12:17. Оваа позитива ја одржувавме во текот на второто полувреме и во ниту еден момент не дозволивме на противникот да ја нападне нашата предност. Во игра влегоа сите играчи кои му беа на располагање на тренерот, за овој дуел. Најдобри меѓу нив беа пикерот Цветковски, потоа Амзоски, Трајковски и Апостоловски.

Младинците на Вардар настапија во следниот состав: Куртановиќ, Стојов, Петковски, Јаневски, Јорданов, Димитриевски, Апостоловски,Гичев, Трајковски, Стојановски, Амзоски, Ѓоршоски, Димитров, Стоилевски, Цветковски, Лазов.