Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > КОШАРКА! Вардар тргна со две победи во 2.лига, во сабота на првиот домашен меч го пречекува тимот на Академија ФМП
КОШАРКА! Вардар тргна со две победи во 2.лига, во сабота на првиот домашен меч го пречекува тимот на Академија ФМП

КОШАРКА! Вардар тргна со две победи во 2.лига, во сабота на првиот домашен меч го пречекува тимот на Академија ФМП

Црвено – црните кошаркари  во новата сезона како второлигаши тргнаа одлично во воведните две кола со две победи на гостински терен. Во сабота 7.ноември е на програмата третото коло од втората лига во кое вардарци го играат првиот дуел како домаќини. На нашите момци им гостува “стариот познаник“ од ланските битки во третата лига тимот на Академија ФМП.

Во првиот дуел во Тетово кај тимот на КК Тетекс вардарци во деби дуелот за ова сезона остварија победа од 81:93. Во второто коло кошаркарскиот тим тргна на втора победа на гостинскиот меч со тимот на КК Ангели. Дуелот со тимот на Ангели го добивме со 72-59 , а на полувремето се замина на одмор со резултат 39-35. Најдобар поединец во нашите редови на овој втор дуел беше 18 годишниот Дамјан Робев кој беше најактивен на теренот, постигнуваше поени со погодоци за 2 и 3 поена, асистираше и имаше атрактивно забивање. Вардар заедно со АВ Охрид, Гостивар 2015 и тимот на Водњански лисици го делат врвот во втората по квалитет кошаркарска лига во Македонија.