Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Страшен играч, но со проблематичен карактер
Страшен играч, но со проблематичен карактер

Страшен играч, но со проблематичен карактер

Американецот со потекло од Мексико Цезар Ромеро, за малку во неделата ќе добиеше нов црвен картон, кој ќе му беше трет во низа, па ќе влезеше во историјата на Македонскиот фудбал еден играч да добие три црвени картони во исто толку натпревари, но за среќа тоа не се случи, а беше многу близу и овој пат.. Овој пат Ромеро беше испровоциран од еден играч на Металург, при што Ромеро го плукна противничкиот играч, но за среќа главниот судија на оваа средба Мустафи не го забележа овој потег на Ромеро.

Несомнено, Ромеро има огромен потенцијал да биде  еден од главните играчи во нападот на ФК Вардар, но ваквите потези го спречуваат. Ромеро на натпреварот со Металург, според многумина беше играч на натпреварот, со одличниот погодок од слободен удар, и донесувањето на три бода за неговиот тим. Останува да виидме како Ромеро ќе продолжи да игра, и пред се, како ќе се однесува на теренот.

Фото: fkvardar.mk