Андреа Пенезиќ сосема заслужено се најде во трите најдобри ѕвезди, во третото коло од лигата на шампионите. Хрватската репрезентативка одигра одличен меч против Митјиланд и беше една од најзаслужните за високата победа. Вардар славеше со резултат 33:24, левиот бек кај црвено-црните беше најефикасна со 10 постигнати голови. Откако во првите две кола некако беше мирна, Пенезиќ како да се истури врз Данскиот претставник, за најдобрата нејзина партија во новата сезона.
Да помогнеме со нашите гласови, Андреа да биде избрана за најдобар играч на третото коло од најголемото ракометно натпреварување. За Пенезиќ можете да гласате на линков ТУКА.