Успешен викенд зад нас, оставија Вардаровите екипи. Фудбалскиот, ракометниот и кошаркарскиот колектив на Вардар имаа успешни настапи.
-Фудбалерите на Вардар ја продолжија серијата на натпревари без пораз во првата Македонска фудбалска лига. Избраниците на Седловски ја забележаа втората последователна победа во лигата, откако претходно ремизираа на арената филип втори, против второпласираната екипа на Шкендија. После триумфот против Младост Ц.Д во Охрид, црвено-црните остварија уште еден минимален триумф од 1:0. Втор пат по ред оваа сезона со ист резултат го победуваме подмладениот и веќе отпишан состав на Металург. Овој пат на стадинот “Борис Трајковски“ во Маџари пресуден беше голот на Ромеро од слободен удар, кој донесе нови три бода и задржување на лидерското место на табелата. Таму нема промени веќе подолго време, Вардар и Шкендија водат “мртва“ трка со еден бод разлика во корист на нашиот шампион. До крајот на есенскиот дел остануваат уште 6 кола за одигрување.
-Ракометарите се вратија на победничките патеки во сеха-лигата. Борац беше екипата, која ги “наплати“ двата последователни порази од Загреб и Брест Мешков. Рутински без поголеми проблеми и со половина од своите сили, нашиот ракометен шампион ја впиша шестата победа во ова натпреварување. Резултатот конечен беше 39:27. На овој меч блескаше пикерот Марсениќ кој имаше стопроцентен ефект на постигнати 7 голови од исто толку обиди. Добар натпревар одигра и капитенот Лазаров кој умешно ги искористува минутите на теренот кои му ги пружа Шпанскиот стручњак.
-Вистинско изненадување приреди вториот тим на Вардар, или Вардар Јуниор кој го победи фаворитот Работнички, во рамките на 8 коло од супер лигата. Момците на Пепи Манасков уште од самиот почеток влегоа мотивирано во овој дуел, навестувајќи дека можат да го победат противникот. Андовски и Чурлевски беа јунаците за младите Вардарци, кои успеаа да се вратат од два гола негатива 23:25 и да победат со 26:25 во последните пет минути од дуелот. Ова е петти триумф за нашиот состав во најсилната Македонска ракометна лига.
-Викендов можеби најголем резултат оствари екипата на Жрк Вардар, кој играше меч во лигата на шампионите. Дански Митјиланд беше разнишан во С.Ц. Јане Сандански, кој капитулираше пред нашите девојки. Конечно имавме можност да го видиме вистинскиот Вардар, од кого многу се очекува и оваа натпреварувачка сезона. Добрата и агресивна одбрана и разновидниот напад, каде во главна улога беше Пенезиќ беа клучните моменти за оваа голема победа од 33:24, против Данскиот шампион кој минатата седмица го порази Ѓер на противничкиот терен. Овој триумф е голем поттик за црвено-црните девојки кои треба да продолжат со исто темпо и во следните дуели во ова натпреварување. Пенезиќ беше најефикасна со 10 голови.
“Сестринскиот втор тим на црвено-црните, Жрк Вардар јуниор сигурно чекори во спопско супер лигата. Девојките за Симе Симовски незнаат за неуспех во новата сезона и имаат четири победи на стартот. Следна нивна “жртва“ беше екипата на Ѓорче, која немаше сили да се спротистави на нашиот состав. Вардарки славеа убедливо со резултат 34:17. Сара Митова блескаше со 9 и Марија Прленда со 7 постигнати голови. Од оваа екипа во иднина би требало да излезат квалитени ракометарки, кои би заиграле во првиот тим. Истите веќе се носители на играта во младинската и сениорска ракометна репрезентација.
Кошаркарите на Вардар исто така триумфираа во рамките на втората Македонска лига. Совладан беше тимот на КК Ангели со резултат 72:59. По првото полувреме имавме предност од 39:35. Заслужена победа за момците, кои го диктираа темпото на игра во најголем дел од мечот.