Во 1/4 на купот на Македонија, ќе се сретнат најдобрите екипи во моментов Вардар и Шкендија. Ова е епилогот од извлечената ждрепка, во просториите на фудбалската федерација на Македонија. Извлекувањето сакаше овие две екипи да се сретнат уште во оваа елиминациска фаза од ова натпреварување. Првиот меч е закажан да се одигра на 25 ноември во Тетово, додека реваншот е на арената Филип Втори на 2 декември. Ова ќе биде реприза од минатата сезона, кога двата тима се сретнаа во 1/8 на купот. Тогаш поуспешен беше нашиот шампион, кој подоцна беше елиминиран од тимот на Ренова.