Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Картите за мечот со Барселона распродадени, Европскиот првак го чека пекол
Картите за мечот со Барселона распродадени, Европскиот првак го чека пекол

Картите за мечот со Барселона распродадени, Европскиот првак го чека пекол

Вчера беа пуштени картите за натпреварот помеѓу екипите на Рк Вардар и Барселона во рамките на 8 коло од лигата на шампионите. Веќе стигнаа информации дека целата арена Јане Сандански е комплетно распродадени. Како што се вели на фб страницата www.ticketplus.mk, може да се набават само карти за стоење, кои се по цена од 150 денари. Редици од народ откако беа пуштени билетите за овој дуел, ја окупираа билетарницата пред С.Ц. Ј. Сандански.

Барселона на 22 ноември ја очекува вистински пекол во нашата арена, ова може да биде меч кој во голема мера ќе го реши исходот на првите две позиции на табелата. Затаоа на нашиот шампион му е потребна максимална поддршка за да стигне до посакуваната цел. Знаеме дека нивната публика пред се навивачите Комити се нивни најголем адут за триумф. Така очекуваме да биде и на овој датум, кога во Скопје ќе пристигне актуелниот европски првак. Вардарци играат сигурно на домашен терен и се очекува да бидат “благ“ фаворит на овој натпревар. Претходно истиве екипи ќе одиграат меч во рамките на 7 коло, кога Барселона ќе ги пречека црвено-црните на домашен терен.