По одигрувањето на претпоследното коло во Македонската кугларска лига и убедливата победа над Битолскиот тим КК Херахлеа од 6-2 првите три места на неделниот избор топ-6 во лигата се резевирани за црвено-црните куглари.
На врвот односно на првото место сосема очекувано се најде рекордерот Влаќевски кој овој викенд со 682 соборени “дрва“ го сруши пет години стариот рекорд на кугланата при Спортскиот Центар Борис Трајковски во сопственост на светскиот рекордер Вилмош Заварко од 677 соборени кегли . Одлични резултати запишаа и Димитар Димитровски 650 и Дане Јакимовски со 594 соборени дрва.
Ова е предпоследен меч и со победа во последното коло на 23ти Април во четврток со тимот на КК 18 Август Адинг црвено-црните ќе ја осигураат вицешампионската титула .
Изборот топ-6 за ова 13то коло во Македонската кугларска лига изгледа вака :
- Бојан Влакевски Вардар (рекордни) 682
- Димитар Димитровски Вардар 650
- Дане Јакимовски Вардар 594
- Виктор Николовски Макпетрол 586
-
Александар Соколов Макпетрол 583
- Тодор Манев Работнички 584