Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > КУГЛАЊЕ! Влаќевски сруши рекорд стар 5 години , Вардар ги порази убедливо битолските куглари од Хераклеа 6-2
КУГЛАЊЕ! Влаќевски сруши рекорд стар 5 години , Вардар ги порази убедливо битолските куглари од Хераклеа 6-2

КУГЛАЊЕ! Влаќевски сруши рекорд стар 5 години , Вардар ги порази убедливо битолските куглари од Хераклеа 6-2

Како се ближи крајот на кугларската сезона (уште едно коло до крајот), Вардарци играат како да е почеток и во врвна форма рушат рекорди. Во претпоследното коло од МКЛ , КК Хераклеа беше гостин на КК Вардар во СЦ Борис Трајковски и си замина со пораз 6-2 и над 400 кегли разлика!

Вардаровиот играч Бојан Влаќевски буквално здиве и го сруши рекордот на кугланата во СЦ Борис Трајковски. Собори фантастични 682 кегли, со што го собори речиси 5 години стариот рекорд на светскиот рекордер Вилмош Заварко од 677 соборени кегли. И другиот Вардаров играч од светски калибар Димитар Димитровски не заостана многу зад својот клупски колега и собори фантастични 650 кегли. Овие двајца дефинитивно го одбележаа 13 коло на МКЛ , но може слободно да се каже дека ја одбележаа цела сезона. Како што исткануваат самите Вардарови играчи, ова е очекуван ефект на одличната хемија и атмосфера која владее во 1 година стариот клуб, како и стручноста на тренерот Драги Димитровски.

И по ова коло, КК Вардар останува на втората позиција во МКЛ и само едно коло ги дели од историски успех и освојување на вицешампионското место веднаш во првата година од своето постоење во ваков формат .
Во последното коло, Вардар ќе ги одмери силите со КК 18 Август Адинг, во четврток 23.04.2015. Вардар е фаворит и не се очекуваат никакви компликации на натпреварот и конечниот пласман на табелата за сезоната 2014/2015.