Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Во среда со Шкендија во Куманово
Во среда со Шкендија во Куманово

Во среда со Шкендија во Куманово

Уште една дерби пресметка ги очекува нашите момци. По среќната победа против Ренова, во среда не очекува уште еден клучен дуел во борба за титулата, против тетовска Шкендија.
Овој натпревар е закажан за среда од 16 часот, но поради реконструкција на теренот во Тетово, по одлука на домаќинот овој дерби меч ќе се одигра во Куманово на стадионот на Башкими.

Ова ќе биде одличен натпревар за нашиот тим, да покаже конечно карактер, добра игра, и да го надигра противникот, како што беше случај во есенскиот дел од сезоната кога Вардар ја доби Шкендија дури три пати, а ја исфрли и од купот на Македонија.
Сите паметиме дека нашите момци на предходното гостување во Тетово одиграа ОДЛИЧЕН меч и го совладаа домаќинот со 1:2 со раното водство и раните два гола постигнати, пред повеќе од 10.000 гледачи на градскиот стадион во Тетово.

Остануваат уште две клични средби за Вардарци, пред плеј – офот, против Шкендија во среда, и со Работнички во недела.
Напред Вардар!
Фото: fkvardar.mk