Конечно одмазда на Фк Вардар, против тетовска Ренова со 1:0
Можеби најубава одмазда против овој тим беше токму денешната, со победа и гол во 90-тата минута од натпреварот.
Вардар почна добро, имаше посед на топка, огромни шанси во првиот дел но резултатот беше 0:0
Прв се закани Грнчаров со глава но по средината на голот.
Одлична и најдобра шанса во првиот дел имаше Филип Ивановски кој по еден центаршут од три метри не успеа да го совлада противничкиот голман.
Потоа шанса имаше и Хамбарџумјан, биеше силно од 30-тина метри, но по средината на голот.
Вардар имаше многу шанси но за жал осана о:0
Во вториот дел во игра влезе Попов, во 60-тата минута Вардар беше најблиску до погодок, нововлезениот Петковски Филип биеше со глава по еден одличен центаршут на Блажевски, но ја погоди само стативата од непосредна близина.
Кога сите мислеа дека резултатот ќе заврши 0:0, најдобриот поеднинец на денешниот меч Хофханес Хамбарцумјан погоди во 90-тата минута за голема радост, и големи 3 бода во борба за титулата.
Следува меч со Шкендија, во Куманово.
На табелата имаме предност од +4 во однос на Работнички.
Фото: fkvardar.mk