Нијанси го одлучија патникот на завршниот турнир во Келн. Неколкуте грешки во моментот кога се кршеше резултатот и кога имавме можност да поведеме, беа пресудни за конечниот епилог. Киелце подобро се снајде во завршницата каде се играше гол за гол.
Во почетните минути се играше изедначено, се до нашето прво водство со голот на Горбок во 8 минута. Штербик до тие моменти имаше две успешни интервенции. Киелце во продолжение ја презема предноста, успева да дојде до два гола позитива, со погодокот на Јурецки. Милиќ го замени на голот Штербик, па набрзина нанижа две одбрани. Карачиќ не беше расположен за игра, но погодуваше од седум метри. Резултатот е повторно израмнет 8:8. Во периодот кога имавме двајца играчи повеќе на теренот, не успеавме да го искористиме. Напротив примивме два погодоци, а не дадовме ниеден. Тоа го искористи крилото Чупиќ за да зголеми на 11:8 во 22 минута од мечот. До крајот на првото полувреме, успеавме да направиме резултатска рамнотежа, за момент да се вратиме во игра. Душебаев со еден продор погодува за 15:14, но полувремето со гол го завршува Киелце со цепелин гол на Јурецки.
Карачиќ во второто полувреме, конечно почнува да погодува од игра и да намали на 17:16. Дибиров не успева да погоди од седум метри, а тоа успешно го користи полскиот првак и повторно да дојде на три гола позитива 21:18 во 37 минута. Црвено-црните не се предаваат, и возвраќаат на феноменален начин, со голот на Шишкарев. Натпреварот е повторно израмнет и отворен. Карачиќ погодува за 22:22. Јурецки и Билецки се дефинитивно играчите кој неможат да се запрат и повторно ја враќаат предноста за Пољаците. Душебаев со брзи погодоци ја враќа неизвесноста на мечот, погодувајќи за 27:27 во 50 минута. Следува инфаркт завршница, Прибак погодува за ново израмнување на 4 минути пред крајот. Сепак Киелце имаше повеќе сили во завршницата, успеа да победи и да се пласира на фајнл-форот во Келн. Конечниот резултат гласеше 32:31. Душебаев беше наш најефикасен играч со 9 гола, Горбок постигна 5. Комити повторно беа верна сенка на своите миленици, и допатуваа во Полска да им ја дадат својата поддршка.
Вардар втора сезона по ред стигна во најдобрите осум екипи во Европа, и за чекот беше да оствари историски успех.