На кугларскиот клуб Вардар му остануваат само уште две кола да го осигура пласманот на вицешампионското место во Македонската кугларска лига . Ова е голем успех ако се земе во предвид дека од како фунционира во ваков формат Вардар ова е прва сезнона за црвено-црните куглари во македонската кугларска лига.
Вардар во моментов е на втората позиција зад тимот на КК Макпетрол екипа која владее со Македонското куглање деценија и пол и која полека но сигурно добива сериозна закана дека од следната сезона Вардар ќе го преземе тој примат на фаворит гледајќи ги резултатите и формата и воигрувањето на тимот особено во вториот дел од сезоната кога секое коло имаме доминација во топ6 изборите . Тимот на КК Работнички е единствениот кој во моментов може да ја загрози втората позиција , но од КК Вардар ни велат дека не очекуват изненадување во двете последни кола и со сигурни победи очекуваат да ја крунисаат ова сезона .
ПОСЛЕДНИТЕ ДВА МЕЧА СЕ :
- 18 АПРИЛ (САБОТА) ДОМА СО КК ХЕРАХЛЕЈА БИТОЛА И
- ПОСЛЕДНИОТ НА 25 АПРИЛ(САБОТА)ВО ГОСТИ СО КК 18 АВГУСТ