Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Сергеј Самсоненко : Наша задача е да играме финале на Ф4 во Будимпешта
Сергеј Самсоненко : Наша задача е да играме финале на Ф4 во Будимпешта

Сергеј Самсоненко : Наша задача е да играме финале на Ф4 во Будимпешта

Веќе е познат противникот на ЖРК Вардар за полуфиналниот двобој од Лигата на европски ракометни шампимотионки. Како и лани за место во финалето Вардарки ќе се обидат да го добијат тимот кој е суверен преставник на Црнагорскиот женски ракомет Будуќност. По ждребката импресиите од истата на прес-конференција ги пренесоа сопственикот г-н Сергеј Самсоненко , Директорката Гордана Нацева , Шефот на стручниот штаб на црвено-црните Кастратовиќ , капитенката Суслина и ракометарката Хмирова . Тие во својте изјави пренесени од официјалниот клубски сајт за полуфиналниот меч изјавија .

Г-н Самсоненко Сергеј сопственикот на трите клуба Вардар вели :

  • Јас пред четвртфиналето не сакав да играме со Ѓер и среќен сум што поминавме, а за фајналфорот немав некоја желба. Единствено сакав ако се падне Будуќност да не биде како лани, да ѝ биде дозволено на екипата да игра по правилата на ракометот. Будуќност е одличен тим и нам ни падна најтешката можна екипа. Нашата задача е да се подготвиме и да играме за финале.

Индира Кастратовиќ која повторно на завршниот Ф4 турнир ќе треба да спреми тактика против тимот од Црна Гора со надеж дека годинава ќе има поуспешна епизода во полуфиналето изјави:

  • Минатата година игравме со Будуќност во полуфиналето, но се надевам дека оваа година ќе биде поинаку. Девојките подобро се познаваат меѓу себе, имаме време да се подготвиме. Имаме време да ги анализираме противниците и Будуќност и останатите, девојките се подготвени, одиме на да одиграме добар турнир .

Директорката на црвено-црниот женски ракометен колектив Гордана Нацева за противникот кои е пречка за финалето во најквалитетното женско ракометно натпреварување вели :

  • Ни се падна екипа која годинава е многу убедлива. Должници ни се и ова ни е шанса да им се реваншираме. Сега можеме да победиме, а ова би била најзначајната и најголемата победа за нас.

Свое видување даде и капитенката на ракометарките Суслина која не е многу задоволна од тоа дека Будуќност е противник и потенцира дека е единствениот тим со кој не сакала да вкрсти но дека девојките ќе дадат се од себе во овој тежок меч. Нејзината колешка Хмирова исто така вели дека не е многу задовона од противникот кој е добиен и повеќе го посакувала Динамо за полуфинално соочување во Будимпешта.