Најверните вардарови подржувачи повторно за краток период ќе гостуваат во Полска . Претходно исто така на ракометниот меч од Лигата на Шампионите гостуваа во Плоцк, на мечот со тимот на Висла. Минаа над 3.500 километри за да го бодрат својот миленик . Влегоа во последните 20-сетина минути, но по изјавите на Дибиров и останатите тој додатен импулс бил доволен да се приведе мечот со попозитивна негатива, која се покажа во пеколот во Јане Сандански достижна.
Навивачката група Комити на својот официјална фб страница известија денес дека утре во терминот од 20 до 21 часот на добро познатата локација, кај Фонтаната во градскиот парк во Скопје ќе се врши пријавување за гостувањето во Полска, каде ќе се одигра реванш дуелот од 1/4 со тимот на Киелце . Потребно за ова патување на членовите е да поседуваат фотокопија од патна исправа и 500 денари.