Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Филип Трајчевски: Секој дуел ни е битен, без разлика на противникот
Филип Трајчевски: Секој дуел ни е битен, без разлика на противникот

Филип Трајчевски: Секој дуел ни е битен, без разлика на противникот

Утре на теренот на Железара со почеток од 14 часот, ќе се одигра реваншот од 1/2 во националниот куп, помеѓу фудбалските кадетски екипи на Металург и Вардар. Црвено-црните влегуваат со предност од првиот дуел одигран на домашен терен, кога забележаа минимална победа од 1:0.

-Првиот натпревар на домашен терен го победивме со резултат 1:0. Сега на гостински терен одиме со предност, но тоа ништо немора да значи бидејки Металург е многу добра екипа. Наш конкурент во лигата и нема да ни биде ни малку лесно. Атмосферата во тимот е на највисоко ниво и затоа ги постигнавме овие две високи победи во првенството. Секој дуел ни е битен, без разлика на противникот. 

Исто така и во првенството овие два тима ја водат главната битка за освојување на Шампионската титула. Вардар има големи шанси да стигне до двојната круна за оваа сезона.

- Имаме шест бодови предност пред второпласираниот Металург, и седум бода пред третопласираната Шкендија. Секој бод е важен и ќе го дадеме нашиот максиум да го освоиме купот и првенството. Со оглед на тоа дека Металург нема победа во пролетниот дел од сезоната и се наоѓаат во послаба форма од нас, очекувам да се пласираме во финалето на националниот куп. Понатаму и истиот да го освоиме, изјави голманот на кадетите Трајчевски за Вардарфанс.

Звонко Ивановски