Sunday ,09 February 2025
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Младинската ракометна женска репрезентација започна со тренинзи во Кале
Младинската ракометна женска репрезентација започна со тренинзи во Кале

Младинската ракометна женска репрезентација започна со тренинзи во Кале

Вчера во С.Р.Ц. Кале се одржа првиот собир на Македонската младинска репрезентација до 19 години, во рамките на квалификацискиот турнир што во периодот од 17-19 април ќе се игра на Кале. Овие кфалификации се за Европското ракометно првенство, што оваа година ќе се одигра во Шпанија, во градот Валенсија. Македонската репрезентација е во група заедно со Црна Гора, Холандија и Исланд. Првите две пласирани репрезентации ќе се пласираат на Европското првенство.

Во составот предводен од селекторот Симе Симовски, доминираат ракометарки на Вардар. Вкупно десет имиња од првата и втората екипа на Жрк Вардар се на списокот за овој турнир на Симовски, кој е и моментален тренер на втората екипа на Жрк Вардар. Петковска, Стојановска, Митова, Нолевска, Тодоровска, Петревска, Керамитчиева, Ладева, Бојаџиска и Мишевска се дел од репрезентативките кои го носат црвено-црниот дрес.