Големото дерби на македонскиот шампионат во одбојка заврши во полза на Вардар кој со 3-2 успеа да ја надигра второпласираната Џио Струмица на домашен терен (25-14, 20-25, 25-21, 20-25, 15-6).
Вардар перфектно го отвори натпреварот и го доби првиот сет со 25-14. Противникот се враќаше на два пати, но Вардарци го добија најважниот, решавачкиот сет за голема победа и останување на 100% учинок, од 10 победи и 0 порази.
Прва лига (мажи), Втора фаза-1, (Второ коло)
ВАРДАР – Џио Струмица 3-2 (25-14, 20-25, 25-21, 20-25, 15-6)
Штип УГД Штип – Лирија 2-3 (25-19, 21-25, 25-21, 20-25, 13-15)
Весна Пробиштип – Универзитет во Тетово 1-3 (20-25, 9-25, 25-22, 18-25)
Вардар е лидер со 29 бода, пред Џио Струмица со 24 и Универзитет во Тетово со 22 бода.