Кадетите на Вардар (кошаркари родени 2008 година и помлади) го освоија четвртото место во овогодишното издание на Европската младинска кошаркарска лига (EYBL).
Во борбата за бронзата, македонскиот претставник загуби од литванскиот Вилнус со 62-88. Жарко Терзиевски со 21 поен беше најефикасен во тимот на Вардар, а Григориј Ѓорѓевиќ постигна 15. Четвртото место е одличен успех за „црвено-црните“ кои претходно беа второпласирани во централноевропската дивизија од EYBL и одиграа извонредни турнири на кои се истакнаа голем број кошаркари и освоија неколку индивидуални признанија.
Титулата ја освои унгарскиот тим Ратгебер кој беше подобар од Вардар и во вчерашното полуфинале и во централноевропската дивизија. Во финалниот меч, Ратгебер ја победи грузиската репрезентација со 61-60.
Izvor-kos.mk