Friday ,04 October 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Младинците и кадетите убедливи во гости, девет гола во мрежата на Њу Старс
Младинците и кадетите убедливи во гости, девет гола во мрежата на Њу Старс

Младинците и кадетите убедливи во гости, девет гола во мрежата на Њу Старс

Денес, кадетите и младинците на ФК Вардар гостуваа кај тимот на Њу Старс, на двете средби дојдовме до убедливи победи со дури девет гола во мрежата на домаќинот.

Вардар започна со следните 11 кадети :  Филевски Никола, Петровски Андреј, Јовановски Филип, Алији Алтин,  Цветков Горјан, Блажевски Филип, Таневски Кристијан, Абаз Мануел, Анчевски Никола, Трајковски Драган и  Здравковски Симеон.

Кадетите  на Вардар дојдоа до победа со три гола повеќе, ние победивме на оваа средба со резултат 1:4.  Првиот дел заврши со минимална предност на црвено-црните момци, ние овој период го добивме со резултат  1:2.  Домаќините поведоа, а ние со два гола направивме пресврт. Во вторите 45.минути со нови два гола ја потврдивме победата и дојдовме до три бода.

За нас постигаа погодоци тројца момци, Алији Алтин  стрелаше во 16 и 72.минута ,  Цветков Горјан погоди во 24.минута, а  Јовановски Филип го имаше последниот гол на оваа средба, тој беше прецизен во  83.минута.
Младинците започнаа со овој состав: Јовчев Гоце, Серафимов Давор, Стојилевски Марко, Давидоски Петар,  Живков Славче, Стојановски Стефан, Дошев Ѓорѓи, Величковски Никола,  Ѓорѓиевски Филип, Трпезановски Дарко и  Каровски Сандро .
.
Младинците на Вардар дојдоа до победа со „петарда“ во мрежата на домаќинот, ние триумфиравме со резултат 0:5 (0:1). Во првиот дел иако имавме прилики успеавме да заминеме на одмор само со еден гол предност, за нас погоди Серафимов Давор  во 26.минута од овој период, кој упати удар со левата нога од некаде 14 метри. Помеѓу двата дела имавме само еден гол позитива, но тоа се смени само што започна 2.полувреме.
Во вториот дел дури четири пати погодивме, и дојдовме до убедлива победа над домаќинот.  На 2-0 зголеми Никола Величковски, кој во  54.минута ја удвои нашата предност со погодок во горниот голмански агол. Потоа со головите на  Стефан Стојановски (74.минута)  кој погоди после центар шут на Серафимов и Гроздановски Христијан (87.минута) поведовме со 4-0. Конечните 5-0 ги постави домашниот играч  Ристовски Томи со автогол на две минути до крајот на средбата.
Многу важна победа за младинците со која останавме на првото место на табелата, пред екипата на Победа од Прилеп.