Овој викенд КК Вардар ќе го одигра последниот натпревар од есенскиот дел на сезоната во првата кошаркарска лига. Вардарци пред своите навивачи ќе се обидат да стигнат до првата победа оваа сезона, односно да ја прекинат црната серија од седум порази.
В сабота на “Кале” гостува тимот на КК Струмица. Струмичани по седум одиграни рунди се наоѓаат на петтата позиција на табелата со биланс од две победи и пет порази. И двете екипи на предходниот натпревар забележаа порази. Вардар загуби од АВ Охрид, додека пак Струмица од Куманово. Натпреварот утре започнува со почеток во 18 часот.