Максим Цониќ е млад и талентиран фудбалер кој настапува за Вардаровата генерација родени “2006“ година. Тој настапува паралелно за Вардар (1) со кој стана есенски шампион и Вардар (2) постигнувајќи пет голови во есенскиот дел од сезоната во детската лига. Се работи за одличен техничар, со големо чуство за фудбалската игра. Вистински лидер на Вардар (2) кој силно се наметнува и во Вардар (1) и со своите игри остава се подобар впечаток кај тренерот Филип Арсовски. Во наредново интервју ве запознаваме токму со Мaским кој ќе ни открие нешто повеќе за себе и за неговите настапи во црвено-црниот дрес.
1. Дали фудбалот беше вашата прва желба и како се случи да започнете да го тренирате овој спорт ?
-Мојата прва љубов беше тенисот. Со поаѓањето во училиште го запознав мојот најдобар другар Дарко Сековски (сегашен соиграч), кој ми ја пренесе љубовта кон фудбалската игра и решив да ја започнам фудбалската кариера.
2. На колку години беа вашите први фудбалски почетоци и под водство на кој тренер ?
-Моите фудбалски почетоци беа на 6 години во фудбалската школа на ФК Вардар под водство на тренерот Зоран Петковски.
3. Дел сте од Вардаровата генерација “2006“ со која оваа сезона станавте есенски шампион со вардар (1) во детската лига. Како ја видовте изминатата полусезона и колку сте задоволен од прикажаните игри и остварени резултати ?
-Изминатата полусезона за мене беше одлична бидејки покажавме добра игра и добри резултати. Сметам дека треба да продолжиме со исто темпо, со напорни тренинзи колективна игра и желба за подобри резултати.
4. Настапувате паралелно за Вардар (1) и Вардар (2). Кој се предусловите за да се стане успешен фудбалер ?
-Играта за двете групи од генерација 2006 за мене претставува задоволство, дополнителен предизвик ,но и одговорност за успехот и резултатите на двете екипи. Успехот, нормално, бара напорна работа, дисциплина и самодоверба.
5. Оваа сезона имате можност да работите со Филип Арсовски. Колку сметаш дека вие лично и вашата генерација напредувавте под негово водство ?
-Со доаѓањето на Филип Арсовски како тренер на генерација 2006, моите соиграчи и јас добивме лидер, професионалец во својата работа и дополнителен играч на тимот. По мое мислење, тренерот Филип Арсовски ја направи екипата понапредна и познавајќи го знам дека нема да застанеме тука.
6. Какви се условите за тренинг на академијата и дали Вардар ги поседува сите предуслови за еден млад фудбалер нормално да тренира и напредува ?
-Условите за тренирање во фудбалската академијата на ФК Вардар се одлични и претставува задоволство да се биде дел на клуб посветен на развојот и напредокот на младите генерации.
7. Вашата генерација има можност да се натпреварува и во “Јуниор“ лигата. Кое е вашето мислење за овој голем проект на ФК Вардар ?
-“Јуниор“ лигата на ФК Вардар е успешен проект кој им омозвожува на сите млади фудбалери од помалите градови да бидат дел од најдобриот македонски тим. Со меѓусебните натпревари одговорните лици имаат можност да ја видат играта на најдобрите кои понатаму се повикани да се усовршуваат во ФК Вардар. Вистинско задоволство е да се игра фудбал и да се другарува со врсници од други делови на републиката.
8. Дали Максим има свој идол кој ви дава дополнителен мотив еден ден да станаете како него.
-Мој идол во фудбалскиот свет е аргентинската ѕвезда Лионел Меси, чија игра ја пратам постојано и се воодушевувам на неговите фудбалски мајстории. Би сакал еден ден да бидам добар како него.
9. Кои се очекувања за пролетниот дел од сезоната, дали оваа генерација може да стане шампион во детската лига ?
-Претстојната пролетна полусезона очекувам да ја започнеме со нови сили и дополнителна мотивација за успешен крај на сезоната. Шампиони се станува со тешка работа, напорни тренинзи, дисциплина и тимска игра.
10. Колку значи за вас носењето на црвено-црниот дрес и кој е вашиот синоним кога ќе слушнете за Вардар ?
-За мене, особена чест и задоволство е да се тренира и игра во дресот на Вардар, бидејќи овој клуб има своја исорија, легендарни играчи и национален успех кој се надевам ќе биде и интернационален.
Звонко Ивановски