В сабота ќе биде одиграно 4. коло во плејаут кошаркарската лига. По минатонеделната победа против АВ Охрид, вардарци ќе се обидат да стигнат до втората победа во серија. Противник в сабота на момците на Кочов ќе биде тимот на КК Струмица која во моментов има скор од седум победи и десет порази.
Минатиот викенд овој тим во еден многу неквалитетен натпревар ја совлада екипата на КК Пелистер со резултат 52-49. Во тимот на Струмица оваа сезона настапуваат неколку искусни играчи како Богоев, Брчков и Јокиќ.
Овој натпревар в сабота ќе биде одигран во 18 часот во малата сала при С.Ц. “Кале”.